СТАНДАРД life
Храна

Грчки компири: трик-рецепт за печено совршенство со лимон и лук

Сигурно веќе ги имате сите состојки за убави грчки компири дома, а можете да ги послужите со вашето омилено парче месо, риба или зеленчук…

Компирите прво се динстаат за да ги впијат сите ароми на густинот, маслиновото масло и сокот од лимон, а потоа се печат да испари вишокот течност. Резултатот е крцкаво златно совршенство!

Состојки за грчки компири:

* 1,2 кг компири
* 375 мл пилешки супа
* 125 мл маслиново масло
* 85 мл сок од лимон
* 5 чешниња лук
* 1 мала лажица сушено оригано
* 2 мали лажици сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 °C.

Притиснете го лукот, излупете ги компирите и исечете ги на поголеми, подебели кришки – со дебелина од околу 3 см. Ставете ги во сад за печење со сите останати состојки. Добро измешајте и печете 20 минути.

Извадете ги компирите, измешајте ги и печете уште 25 до 30 минути додека не се намали најмногу течноста. Префрлете ги компирите во нов сад за печење и полијте со лажица сок од тоа што се печеле, а потоа печете додека компирите не поруменат и не станат крцкави на рабовите.

На здравје!

Поврзани вести

Превкусно! Едноставни лазањи од тиквички

Urednik

Дали знаете како правилно да го исечете сирењето?

Radmila Tasevska

Рецепт за чоколаден тост леб

Urednik