Не е тајна дека голем дел од она што го јадеме содржи јаглехидрати. И иако јаглехидратите не се по природа лоши, ако се обидувате да ослабете, намалувањето на внесот на јаглехидрати може да биде паметен потег. Затоа многу луѓе се свртуваат кон LCHF (Low-Carb High-Fat) диета.
Жена по име Лорен неодамна сподели рецепт за леб со малку калории, речиси без јаглехидрати кој „го сруши интернетот“ и е неверојатно лесен за правење и идеален за секој оброк, иако најчесто се јаде за појадок и вечера.
„Ја пробав диетата неколку пати, главно за да видам како функционира. И морам да кажам, се чувствував прилично добро јадејќи повеќе масти и протеини, а воедно и исклучувајќи ги јаглехидратите. Како и да е, без разлика дали се обидувате да ослабете или не, сакав да ви кажам за овој LCHF леб“, напиша Лорен во објава на Инстаграм, додавајќи: „Воопшто не е комплициран и има божествен вкус! Сè што ви треба е пакетче крем сирење од 200 грама, 3 јајца и прашок за пециво“.
Подготовка:
1. Започнете со мешање на жолчките и крем сирењето во сад.
2. Изматете.
3. Измешајте го прашокот за пециво и белката во посебен сад.
4. Изматете ги белките и прашокот за пециво со миксер.
5. Додадете ја смесата од жолчки. Внимателно истурете за да не се сплескаат белките.
6. Обликувајте го тестото во мали топчиња на плех за печење покриен со хартија за печење.
7. По околу 20-25 минути, лепчињата треба да бидат златно-кафеави и готови. Оставете ги малку да се изладат.
8. Сега можете да направите сендвич со ниска содржина на јаглехидрати со вашите омилени додатоци и салати.
Калориски вредности на LCHF лебот
Од мешавина од 3 јајца и 200 г крем сирење, можете да добиете приближно 6 до 8 парчиња леб „облак“, во зависност од големината што ја правите (најчесто се прават во големина на лепчиња за хамбургер).
Едно парче LCHF лебот има околу 36 калории.
Калориите доаѓаат претежно од масти (околу 71%), проследено со протеини (25%) и многу малку јаглехидрати (4%).