СТАНДАРД life
Храна

Јаболки во наметка: Стар рецепт што мора да го пробате!

Старомоден рецепт за уживање со јаболка.

Состојки:

(за 4 лица)

– 2 јаболка

– 1 јајце

– брашно

– 4 ванилин шеќер

– 100 мл вода

– прстофат мелено морско оревче

– 2 лажички мелен цимет

– зејтин

– шеќер во прав

Подготовка:

Излупете ги јаболките, издлабете ги во средината и исечете ги на тенки парчиња.

Измешајте ги останатите состојки освен маслото и шеќерот во прав, смесата мора да биде погуста од смесата за палачинки. Додадете уште брашно доколку е потребно.

Прво во смесата ставете ги кришките јаболка, па во загреаното масло пржете ги од двете страни додека не поруменат.

Ставете ги на салфетка за да го впие вишокот зејтин.

Посипете со шеќер во прав.

Пријатно!

Поврзани вести

ГАБОН ТОРТА: Полна со чоколадо, лешници, а кората е мека како сон – ЧИСТО УЖИВАЊЕ

Urednik

🎥Веќе е познато кој ќе биде најголемиот тренд во светот на храната во 2024 година

Urednik

Колач со пудинг и јаболка: Можете да го направите во секое време од годината

Urednik