СТАНДАРД life
Храна

Меки и сочни шницли од рерна

За подготовка на шницли по рецептот кој го објави инстаграм страната „zalogaj_mr“ не ви треба многу време бидејќи се прават брзо и лесно, а останатото го прави рерната.

Изберете свински врат бидејќи тоа парче месо гарантира дека нема да добиете сув, туку сочен стек.

Состојки:

* 6 шницли од свински врат,
* зачини и малку брашно,
* една голема главица кромид,
* 3 моркови,
* 300 мл варени домати,
* 300 мл вода,
* 2 чешниња лук,
* малку масло за пржење

Подготовка:

Зачинете го месото, валкајте го во брашно и кратко пропржете го на масло од двете страни. Кромидот се сечка на крупно, се ренда морковот, па се пржи во маслото каде што се пржело месото.

Кога ќе омекнат кромидот и морковот, вратете ги шницлите во тавата, покријте ги со домати и вода, зачинете по вкус, покријте со фолија и печете во рерна загреана на 200 степени еден и пол до два часа.

Пирето од компири е идеално како додаток на ова јадење.

На здравје!

Поврзани вести

Печени ќофтиња: Одличен ручек за денот по Божиќ

Urednik

Сакате ли „смеш“ бургер? Еве како да го подготвите…

Urednik

Рецепт за најсочните канелони

Urednik