СТАНДАРД life
Храна

Најдобрите солени стапчиња!

За овие стапчиња ќе бидат доволни малку брашно, квасец, сол и уште неколку состојки.

Ако сакате да грицкате нешто во текот на денот, тоа сигурно може да биде нешто што сте го направиле сами, како стапчиња, и за кое не ви треба многу време.

Состојки:

* 500 гр повеќенаменско брашно
* 3,5 g инстант квасец
* една лажичка сол
* прстофат лук во прав
* 50 мл масло
* 50 гр путер
* 200 мл вода
* 1 јајце
* четвртина чаша сусам

Подготовка:

Соединете ги сите состојки, па од тестото направете стапчиња, премачкајте ги со јајце и посипете ги со сусам. Загрејте ја рерната на 180 или 200 степени (во зависност од вашата рерна) и ставете ги решетките во средна положба околу 30-35 минути. Ако ставате 2 тави во исто време, ротирајте ги и превртувајте ги на секои 10 минути.

Доколку сакате покрцкави, веднаш по обликувањето ставете ги во рерна. За повоздушеста варијанта, обликуваните стапчиња оставете ги да одморат 10-30 минути, па ставете ги да се печат.

На здравје!

Поврзани вести

Девет намирници што можете да ги јадете во големи количини без страв дека ќе се здебелите

Urednik

Рецепт за пилешка чорба

Urednik

Готвиме со Емилија: Намаз од туна

Radmila Tasevska