Доколку еден дел од печеното останато од Божиќ сакате да го зачувате за зелка или грашок, другиот дел можете да го искористите веќе следниот ден за да ги подготвите омилените ќофтиња.
Тие се толку вкусни, како оние направени од свежо месо, а рецептот е лесен.
Состојки:
* 400 гр. печено свинско месо
* 3 големи компири
* 3 лажици брашно
* 2 јајца
* 1 лажица мелена пиперка
* 1 лажица магдонос
* сол
* бибер
* малку масло
Подготовка:
Мелете го или исечкајте го месото на некој друг начин на најситни парчиња.
Добро измијте ги компирите, па сварете ги со целата лушпа. Кога ќе омекнат, излупете го, изгмечете ги со вилушка, па измешајте ги со месото. Додадете брашно, цели јајца, ситно сечкан магдонос и зачинете се по вкус.
Доколку сакате да бидат позачинети, наместо мелена, можете да додадете и дробена лута пиперка. Сето убаво измешајте да се добие компактна смеса, па со раце обликувајте ги ќофтињата.
Во тава загрејте малку масло, па пржете ги околу пет минути од сите страни, само да се фати кората однадвор и да бидат топли.
На здравје!