СТАНДАРД life
Храна

Појадок кој сам се прави: Пржени лепчиња од рерна за совршен почеток на денот

Пржените лепчиња не се само вкусно, туку и многу практично јадење во кое секој ќе ужива. Тие се најчестото решение кога не знаеме што да правиме со лебот што ни останува. Сепак, колку и да уживаме во овој брз појадок и неговиот едноставен рецепт, сепак може да се случи брзо да се натопат во маслото во кое ги пржиме.

Доколку не сте љубител на помрсни прженици, но го сакате нивниот вкус, пржените лепчиња од рерна се вистинската работа за вас. Мека внатрешност и крцкава кора, на која никој не може да и одолее.

Подготовката е многу едноставна, а задачата е тие самите да се подготват:

Состојки:

* 3 јајца
* 10 тенко исечени кришки леб
* 9 лажици млеко
* 5 лажици малсо + за премачкување
* прстофат сол

Подготовка:

Во длабок сад се матат јајцата и се додаваат млекото и маслото.

Потоа, посолете ја смесата и убаво измешајте, се да се соедини.

Земете парче леб и потопете го во смесата, па оставете го „да одмори“ околу 10 минути. Повторете го ова со другите парчиња.

Додека се „одмараат“, наредете ги кришките леб на плехот и малку одвојте ги. Не заборавајте да го обложите плехот со хартија за печење.

Премачкајте ги кришките со масло од горната страна со помош на четка. Вклучете ја рерната на 200 степени и почекајте да се загрее. Кога ќе достигне температура, ставете ги лепчињата и печете до 20 минути.

Оброкот можете да го послужите со јогурт и сирење и да се препуштите на прекрасните вкусови на вистински појадок.

На здравје!

Поврзани вести

Рецепт за француски тост

Radmila Tasevska

10 неодоливи коктели кои се направени од само две состојки

Urednik

Потпечени пилешки ролати со сирење и спанаќ

Urednik