СТАНДАРД life
Храна

Посна фритата: Лесен оброк полн со витамини

Комбинацијата од зеленчук и јајца домаќинките често ја подготвуваат за појадок или вечера во домовите ширум Италија. Фритата не е популарна само во оваа медитеранска земја – рецептот за нејзина подготовка го презеле локалните домаќинки кои создале и посна верзија.

Наместо јајца користат ленено семе кое го натопуваат во вода, па добива структура слична на јајцето и добро ги врзува останатите состојки.

Состојки:

* 3 моркови
* 2 домати
* 2 тиквички со средна големина
* 4 компири
* 2 главици кромид
* 150 гр. спанаќ или блитва
* 2 лажици ленено семе
* 2 лажици куркума
* 400 гр тофу
* сол, бибер, сув зачин
* неколку листови свеж магдонос
* лажица сенф (по избор)
* малку масло

Подготовка:

Кромидот исчистете го и исечкајте го, па запржете го на малку масло. Излупете ги морковите, компирите и тиквичките, па исечете ги на коцки и додадете го кромидот кога ќе стане „стаклен“. На крај се додава измиениот и сечкан спанаќ, се прелива малку вода и се динста уште пет минути. Зачинете со бибер, сол и додадете суви билни зачини.

Семето од лен истурете го во шолја, а потоа додадете шест лажици вода, промешајте и оставете да се згусне.

Ставете го тофуто во блендер, додадете ленено семе и лажица куркума (и сенф по желба), па сè убаво измешајте. Текстурата треба да биде мазна. Оставете на страна пет лажици од смесата, додадете уште една лажица куркума и добро измешајте.

Остатокот од смесата измешајте го со изладениот динстан зеленчук.

Намачкајте со масло тавче или огноотпорен сад, па прелијте го најголемиот дел од смесата со фритата. Прелијте ја со мала порција од смесата во која додадовте куркума, наредете ги доматите исечкани на кругови, посипете ги со исечканите листови магдонос, поклопете (или покријте со алуминиумска фолија) и печете во рерна загреана на 180 степени околу половина час.

Потоа извадете го капакот (или алуминиумската фолија) и печете на иста температура уште 15 минути.

Послужете топло.

На здравје!

Поврзани вести

Солени мафини со ајвар

Urednik

Здрави, брзи и заситни топчиња со урми

Urednik

Напитокот од чоколаден намаз, рум и цимет ќе ги стопли душата и телото

Urednik