Предлог за здрав и брз оброк од нутриционистот Емилија Спасовска Мојсовска.
За подготовка на оваа тава потребни се:
300 г Батат компир
1 тиквица
1 модар патлиџан
1 пиперка
2 моркови
Магдонос, Лук, Кромид и Праз по желба
Начин на подготовка:
Исецкајте го зеленчукот на коцки, ставете го кратко да се динста, потоа ставете ги во тава, додадете малу вода и печете на 200 степени околу 30 минути.
Изобилството од минерали (калиум, калциум, магнезиум, железо), витамини (А, Б, Ц, Е), Бета каротен и диетални влакна го прави слаткиот компир една од најздравите намирници за конзумирање.
Уживајте во вкусниот и здрав оброк!