Просото и карфиолот како одлична комбинација и додаток на некоја риба или месо кога не е време за пости.
Состојки:
* 1 среден карфиол
* 200 грама просо
* маслиново масло
* магдонос, сол, бибер
* или зачини по ваш избор
Подготовка:
Карфиолот измијте го, исечете го на помали цветчиња и варете го во солена вода додека не омекне. Околу 20 минути.
Карфиолот се вади, а во две чаши вода во која се варел карфиолот, се става измиеното просо и се вари околу 15 минути додека да омекне и да ја впие течноста. Доколку е потребно, додадете уште малку вода.
Во блендер изблендирајте ги просото и карфиолот. Зачинете со сол, бибер, посипете со малку маслиново масло и посипете со магдонос или кој било друг зачин што го сакате (ким, коријандер, копар…)
На здравје!