Дали познавате некој на овој свет кој не сака полнети пиперки? Бидејќи сме сигурни дека нема такво нешто, еве одлична идеја што да правите деновиве.
Состојки:
* 6 пиперки
* 200 гр ориз
* 350 гр печурки
* 350 гр домати
* 2 главици кромид
* 2 големи компири
* 3 чешниња лук
* бибер, органски зачин
* ѓумбир
* магдонос
* масло
Подготовка:
1. Кромидот ситно се сечка и се пржи на масло додека да омекне. Додадете ситно сечкани печурки, крупно изрендан компир, органски зачини, магдонос, ѓумбир и ситно сечкан лук. Во него додадете ситно сечкани домати и пржете уште десетина минути.
2. Во меѓувреме, сварете го оризот на половина, исцедете го и додадете го во пржените печурки.
3. Пиперките исчистете ги од семките и наполнете ги со приготвениот фил. Затворете ги со парчиња домати и наредете ги во сад за печење.
4. Преостанатиот фил се премачкува помеѓу пиперките, се прелива со малку масло и се покрива садот со алуминиумска фолија.
5. Се пече во загреана рерна 30 минути на 220 степени.