СТАНДАРД life
Храна

Салата со мисирка и јаворов сируп

Наведените состојки се доволни за четири лица, а подготовката ќе трае само 20 минути.

Состојки:

* 100 гр рукола
* 200 гр мешана зелена салата
* 2 лажици балсамико оцет
* 2 лажици сок од лимон
* сол и бибер
* лажичка сенф
* лажичка јаворов сируп
* 4 лажици маслиново масло
* 4 мисиркини стекови (апо 125 g)
* 2 лажици масло
* рака власец

Подготовка:

Руколата и зелената салата измијте ги, исчистете ги, исушете ги, исечете ги на парчиња со големина на залак и поделете ги на 4 чинии.

Измешајте го оцетот, сок од лимон, бибер, сол, сенф и јаворовиот сируп.

Постепено додавајте маслиново масло и матете додека не добиете конзистентен прелив.

Зачинете ги шницлите со сол и бибер и пржете ги на врело масло околу две минути од секоја страна.

Извадете ги од тавата и оставете ги малку да се изладат, па исечете ги на ленти и наредете ги на салатата.

Посипете со прелив и посипете со власец.

На здравје!

Поврзани вести

Рижото со печурки, пармезан и вино

Radmila Tasevska

Рецепт: Телешка чорба

Urednik

🎥Кошници од бисквити полнети со фил од ванила и сезонско овошје

Urednik