СТАНДАРД life
Храна

Сочно говедско месо во доматен сос

Ако го сакате говедското месо, но често излегува суво и жилаво, следете нè додека откриваме малку поинаков начин за негова подготовка. Тоа е сочно говедско месо во доматен сос што се топи во устата!

Подготвено на овој начин, говедското месо станува толку нежно и меко што се двои со вилушка. Покрај тоа, ја задржува целата своја сочност, а поради добрата комбинација на состојки, неговиот вкус е интензивиран и рафиниран.

Пробајте го овој рецепт и нема да зажалите.

Состојки:

* 900 гр говедски стекови
* 400 гр домати
* 60 гр брашно
* 500 мл говедска супа
* 4 чешниња лук
* 1 глава кромид
* 1 лажица доматно пире
* 1 лажица сечкан магдонос
* 3 лажички маслиново масло
* 2 лажички сув зачин
* сол, бибер

Подготовка:

Зачинете го месото обилно со сол и бибер, потоа удрете го со чекан и извалкајте го во брашно. Проверете дали е добро извалкано во брашно и пржете го во две лажици загреано масло – секое парче околу 4-5 минути од секоја страна.

Потоа извадете го месото и додадете ја преостанатата лажица масло и сечканиот кромид во истата тава. Пржете го кромидот 3-4 минути, додадете го лукот и гответе 30 секунди, потоа додадете го доматното пире и гответе 1 минута, потоа додадете ги сечканите домати, супата и зачините и добро измешајте.

Штом ќе зоврие, намалете ја температурата, вратете го месото, покријте го и префрлете го во рерна и печете околу час и половина, или додека месото не омекне и сосот не се згусне. Проверете и мешајте повремено.

Кога ќе биде готово, пробајте дали сосот има потреба од повеќе зачини, наросете со свеж магдонос и послужете со пире од компири, тестенини или ориз.

На здравје!

Поврзани вести

Оригинален рецепт за помфрит со сланина

Urednik

Рецепт за неодоливи турски јајца – појадок достоен за султан!

Radmila Tasevska

Меки и сочни шницли од рерна

Urednik