СТАНДАРД life
Храна

Солени вафли со спанаќ, шунка и кашкавал: Совршен појадок за напорни утра

Рецептот за овие вкусни вафли исполнети со спанаќ, шунка и кашкавал е идеално решение за брз појадок за време на напорно утро.

Со додавање на интегрално брашно, овие крцкави вафли се исто така многу здрав избор за првиот утрински оброк.

Потребни ви се само пет минути за да направите сè, па така брзо подгответе ја пеглата за вафли.

Состојки:

* 800 гр спанаќ
* 250 гр шунка, исечкана на коцки
* 250 гр рендан кашкавал
* 250 гр специјално брашно
* 130 гр интегрално брашно
* 1 лажичка лук во прав
* 2 лажички прашок за пециво
* 2 прстофат сол
* 250 до 350 мл млеко
* 4 лажици стопен путер
* масло за подмачкување

Подготовка:

Тостерот за вафли загрејте го на средна температура.

Во поголем сад измешајте ги спанаќот, шунката и кашкавалот. Додадете брашно, прашок за пециво, лук во прав и сол.

Измешајте сè грубо и прелијте со млеко и стопен путер. Тестото ќе биде погусто, па ако сакате вафлите да ви бидат „полабави“, додадете повеќе млеко.

Доколку е потребно, намачкајте го или попрскајте го тостерот за вафли со масло.

Ставете го тестото на врел тостер, затворете го и печете додека не добиете крцкави златни вафли.

Нежно извадете ги и оставете ги малку да се изладат. Задолжително оставете ги одвоени за да не се „навлажнуваат“ едни со други.

Послужете ги вафлите со кисела павлака или друг омилен сос.

На здравје!

Поврзани вести

Рецепт за најсочните канелони

Urednik

Меки и сочни шницли од рерна

Urednik

Домашни крекери: Крцкави и вкусни, готови за 30 минути!

Radmila Tasevska