СТАНДАРД life
Храна

Според рецепт на италијански готвачи: Додадете ја оваа состојка за совршен болоњезе сос

Готвењето добар болоњезе сос е вистинска вештина, но секоја минута труд вреди.

Волшебниот, полн вкус на оваа класика на италијанската кујна навистина вреди за времето поминато во подготовка, а тоа време не треба да биде помалку од два и пол часа. Но, многу луѓе не знаат дека покрај меленото месо, доматите, кромидот, морковот и целерот, состојките за Болоњезе го вклучуваат и млекото.

Ако се прашувате зошто треба да додадете млеко, одговорот е поради исполнетоста на вкусот. Млекото содржи шеќери кои ќе ја неутрализираат киселината на доматите, но и ќе го направат месото помеко и малку ќе го згусне сосот и со тоа ќе ја подобри неговата текстура.

Ако сте загрижени дека додавањето млеко на киселите состојки ќе предизвика згрутчување, во право сте, но ако ја завршите работата на вистински начин, сè ќе биде во ред. Тајната е да се додаде во вистинскиот момент, што ќе биде на самиот крај од подготовката, кога ќе се сварат и се намалат киселите состојки.

Состојки:

* 500 гр мелено месо
* 450 гр сос од домати
* 100 гр кромид
* 75 гр моркови
* 50 гр целер
* 150 мл млеко
* маслиново масло
* ловоров лист
* сол
* бибер

Подготовка

На тивок оган пржете ги ситно исечканиот кромид, морковот и целерот на маслиново масло додека кромидот не стане проѕирен. Додадете го месото и засилете ја топлината и динстајте додека месото не добие боја.

Додадете домат, сол, бибер и ловоров лист. Постепено намалете ја топлината на најниско ниво, поклопете и оставете да се готви полека три часа. Мешајте повремено.

По три часа, извадете го ловоровиот лист и додадете млеко, зголемете ја топлината на средно и варете неколку минути.

Послужете со варени тестенини, по можност таљатели или шпагети.

На здравје!

Поврзани вести

Рецепт за кремасти њоки со болоњезе и кашкавал

Urednik

Готвачка откри јадења кои никогаш не би ги нарачала за појадок

Radmila Tasevska

Тестенини со фил од кељ: Вистинско „удобно“ јадење за овие студени денови

Urednik