СТАНДАРД life
Храна

📽Хељда со праз и печурки: Најздравото посно јадење

Кога ќе искомбинирате хељда, праз и шампињони (или некои други печурки – по желба), резултатот е вкусно посно јадење кое ќе ви помогне да го зачувате здравјето и да го зајакнете имунитетот.

Состојки:

* 250 грама варена хељда
* 200 гр шампињони (може и буковки, вргањи, лисичарки…)
* 1 праз
* 2 главици кромид
* 3 чешниња лук
* 2 лажици масло
* малку магдонос
* малку црвен пипер
* сол и бибер по вкус

Подготовка:

Добро измијте ја хељдата и оставете ја да отстои 5 часа во ладна вода. Потоа згответе ја. Ќе биде готова за пет минути.

Излупете ги и ситно исечкајте ги кромидот и лукот. Исчистете го, измијте го и ситно исечкајте го празот. Измијте ги и исечете ги шампињоните на ленти.

Загрејте го маслото на средна топлина и пропржете го кромидот додека не стане проѕирен.

Додадете лук и праз и пржете 3-4 минути со постојано мешање.

Додадете печурки, црвен пипер и магдонос и динстајте уште 7-8 минути.

На крајот додадете хељда. Зачинете со сол и бибер. Извадете од шпоретот по 2 минути.

На здравје!

Поврзани вести

Пилешко „Алфредо“ – ручек готов за помалку од половина час

Urednik

Сочен колач со прелив од портокал

Radmila Tasevska

Рецепт за најпопуларната роденденска торта во Југославија, која денес е заборавена

Urednik