Деновите во карантин на многумина ги разубави документарната серија „Последниот танц“, посветена на славниот Мајкл Џордан и неговите подеднакво познати Чикаго Булс од 90-тите години.
Серија од 10 дела е ретроспектива од 1984 година, кога Мајкл Џордан влезе во НБА до 1998 година.
Магијата што според мислењето на многумина ја создала најдобриот кошаркар на сите времиња и доминацијата на паркетот може да се преведе и искористи ефективно на работното место.
Еве шест лекции од Мајкл Џордан кои симболизираат што треба да прават водачите за да победуваат:
1. Прилагодете се на ситуацијата
Како натпреварувач, Џордан беше познат по неговата неуморна работна етика и подготвеност да се прилагоди со цел да ги победи противниците.
Како лидер, треба да се прилагодите и да научите како да го надминете неуспехот. Важно е да се разбере предизвикот, да се дисектира и да се открие кои алатки и методи се потребни за да се надминат пречките.
2. Тимска работа
Како што вели Џордан, „Талентот носи победи, но тимска работа и интелигенција носат титули“.
На почетокот на својата кариера, Џордан се обиде да стори сé самиот. Иако постигна одлични лични резултати, неговиот тим не освојуваше титули.
Индивидуалниот придонес за тимска работа важи и за деловното работење: да бидете успешни, мора да работите заедно како тим – интелигентно – за да ја постигнете целта. Тимот е тој што ја „завршува работата“.
3. Верувајте во себе
Мајкл верувал во неговите способности и непоколебливата самодоверба неопходна за постигнување на неговите цели.
Ако не верувате во себе, многу е тешко да ги водите другите. Лидерството бара екстремна самодоверба и самопознавање. Тоа значи да бидете интроспективни и да ги знаете вашите предности, како и вашите слабости.
4. Секогаш давајте се од себе
Гледајќи како игра Мајкл Џордан, сигурно сте забележале дека тој дава се од себе, без оглед на околностите. Неговата посветеност на секој натпревар беше неспорна.
Големите водачи мора да ја имаат таа особина и мора да бидат подготвени да претрпат порази во потрага по победи. Како што рече Џордан: Можам да прифатам неуспех, но не можам да прифатам да не се обидам.
5. Развијте лидерски менталитет
Лидерството исто така бара одредено ниво на менталитет и одговорност. Кога сте шеф, вашиот тим ве гледа како пример. Вие сте одговорни за процесите и резултатите.
6. Учете од вашите грешки
„Учењето е подарок, дури и кога болката е ваш учител“, вели Џордан.
Иако понекогаш работите не одат како што сте замислувале и сте се надевале, секогаш постои лекција што ќе ви биде важна за иднината.
Лидерството не е само улога, туку одговорност која се покажува не само со зборови, туку и со дела.