СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

60 милијарди долари од американските стимулации ќе заминат за Кина

Дејвид Ни се подготвува за одлична година за својата деловна активност – благодарение на стимулациите од 1,9 трилиони долари, што американските власти ги одобрија, пишува Блумберг.

Американците добија помош од 1.400 долари, што значи „побарувачката во САД ќе скокне“, рече Ни. Неговата Jiangsu Siborui Import and Export Co., со седиште во Кина, увезува алуминиумски тркала во САД. Неговата прогноза е дека продажбата ќе порасне за 30% оваа година.

Пакетот стимулации во САД се очекува да ја поддржи целата светска економија – а особено таа на Кина, која е најголем извозник во светот. Околу 360 милијарди долари помош ќе бидат потрошени за увезени производи, според „Allianz SE“.

Се проценува дека 60 милијарди долари од нив ќе бидат за стоки од Кина – компјутери, облека, предмети за домаќинството. Но, тоа исто така значи дека цените на стоките произведени во Кина, кои веќе започнаа да растат, ќе продолжат да растат. И тоа може да предизвика тензии помеѓу Вашингтон и Пекинг поради трговска нерамнотежа.

Канада и Мексико ќе имаат најголемо влијание врз големината на нивните економии, но стимулативниот пакет има потенцијал да го зголеми кинескиот БДП за 0,5% во следните 12 месеци, според Организацијата за економска соработка и развој. Bloomberg Economics проценува дека зголемувањето на побарувачката на САД од 1% придонесува за 0,08% од кинеската економија.

Според UBS, кинескиот БДП би можел да порасне за 9% оваа година, од 3,6% во 2020 година. Очекуваниот раст на извозот е 16%. Во САД веќе постои загриженост дека помошта и очекуваното економско закрепнување ќе донесат инфлација. Зголемениот увоз од Кина и зголемувањето на цените на производството таму значат дека американските потрошувачи наскоро ќе плаќаат повеќе за стоки увезени од земјата.

Ни вели дека производителите на бандажи во Кина веќе ги зголемуваат цените бидејќи трошоците за транспорт се приближуваат до рекордни високи нивоа, а цените на металите исто така растат. Трговскиот бум може да значи дека Соединетите држави ќе се обидат да го ограничат увозот на долг рок за да ги ублажат трговските нерамнотежи. Ќе има уште еден ефект: ќе го ослабне резултатот од напорите на Пекинг да ја ребалансира својата економија и да го направи повеќе зависен од домашната потрошувачка отколку од индустриското производство.

Поврзани вести

McLaren го претстави новиот хибриден суперавтомобил (ВИДЕО)

Влатко Зорба

ФИТР: 203 стартапи продолжуваат во следна фаза на јавниот повик Стартапувај 2

msp-admin

Студиото кое ја развива Call of Duty Mobile заработи 10 милијарди долари во 2020 година

Влатко Зорба