СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Агенцијата за странски инвестиции иницира вклучување на општините и локалните бизниси во процесот на привлекување на нови инвестиции

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ одржа работен состанок со претставници на општините и компании од Пелагонискиот плански регион, на кој ја презентираше иницијативата за нивно активно ангажирање во насока на обезбедување нови можности за заинтересираните инвеститори како и забрзување на постапките за реализација на нови инвестиции.

Директорот Павлески побара од претставниците на локалната самоуправа да направат ревизија на нивните планови и да идентификуваат локации кои може да се понудат на заинтересирани инвеститори за Гринфилд инвестиции.

Дополнително ги повика и стопанствениците кои имаат неискористени објекти да ги понудат на Агенцијата која ќе ги понуди на за заинтересирани инвеститори кои бараат локации и можности за браунфилд-инвестиции.

Агенцијата се понуди да се јави како фасцилитатор на процесите и интеракциите на општините со други државни институции за забрзување на добивањето на сите потребни одобренија за инвеститорите.

На стопанствениците им беа презентирани и можностите кои ги нудат порталите развиени од агенцијата каде на се нудат три клучни бенефити. Портал кој овозможува странските инвеститори да пронајдат, да стапат во контакт и да обезбедат домашни добавувачи, портал за презентација на извозната понуда на македонските компании и портал за браунфилд инвестиции на кој заинтересираните инвеститори можат да пронајдат и да упатат барање за расположлива конкретна локација.

На презентацијата беа претставени и мерките за унапредување на индустриската политика и за поттикнување на инвестициите кои се нудат преку. Законот за финансика поддршка на инвестициите.

Агенцијата овие настани ги смета за клучни во вмережување на компаниите од регионите, идентификување на полињата за соработка и начините на кои Агенцијата може да им помогне да бидат уште поконкурентни.

Поврзани вести

„Џонсон и Џонсон“ добија милијарда долари за вакцина од владата на САД

msp-admin

Римац изгуби стотина илјади евра поради откажување на саемот во Женева

msp-admin

Нафтените гиганти изгубија 90 милијарди долари за 9 месеци

msp-admin