СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Акциите на социјалните мрежи паѓаат поради хаосот со „ГејмСтоп“

Акциите на социјалните мрежи на Волстрит паѓаат. Индустријата е во епицентарот на лудилото „ГејмСтоп-Редит“ и иако трговците секој ден одат на платформите на социјалните мрежи да ги презентираат своите ставови за берзата, акциите на „Твитер“ и „Фејсбук“ не успеаја да го издржат притисокот во петокот.

„Твитер“ падна за 2,0 проценти за време на трговската сесија, иако минатата недела заврши со добивка од 5,0 проценти, а „Фејсбук“ изгуби 2,5 проценти од својата вредност, додека на неделна основа потона за 6,0 проценти, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Акциите на „Фејсбук“ во петокот се затворија на 258,33 американски долари, а аналитичарите веруваат дека тие ќе потонат уште подлабоко, можеби на ниво од 223 американски долари, што би претставувало загуба од приближно 14 проценти.

Пазарните набудувачи го припишуваат овој развој на настаните предизвикани од немирите предизвикани од група аматери од социјалната платформа „Редит“ на берзата.

За што точно станува збор?

Имено, група учесници на под-страницата на „Редит“ – „ВолстритБетс“ проценија дека големите играчи на Њујоршката берза, односно некои хеџ фондови, намерно ги потцениле акциите на компанијата „ГејмСтоп“, која продава компјутерски игри и се наоѓа во незавидна финансиска ситуација подолго време.

Тие одлучија да започнат кампања за да ги убедат малите инвеститори да ја надујат цената на акциите на в заедно, со започнување на голем бран на купување акции на таа компанија.

Она што никој не го очекуваше беше масовен одговор од инвеститорите-аматери, кои сметаа дека играта против Волстрит е забавна и привлечна, затоа што ако успеат, ќе ги научат на памет хеџ фондовите кои, обложувајќи се на ниската цена на акциите на „ГејмСтоп“, очекуваа да направат профит., наведува „Јутарњи лист“.

Резултатот од масивниот одговор беше драматичен скок на цената на акцијата на „ГејмСтоп“, која за три недели се искачи од 18 на 347,51 долари.

Хеџ фондовите ја засноваа својата трансакција со „ГејмСтоп“ на таканаречено краткорочно тргување – тргување со позајмени акции, кои, врз основа на краткорочен договор, мора да бидат вратени на одреден датум на лицето од кое позајмиле.

Ова значи дека хеџ фондовите позајмувале акциите на „ГејмСтоп“ од брокери, а потоа најпрво ги продавале во очекување дека нивната цена ќе падне, потоа ги купиле по пониска цена, ја ставале разликата во нивните џебови и ги враќале акциите на лицето што ги дало.

Тие сметаа на умерен пад на цената на „ГејмСтоп“, бидејќи сите индикатори укажуваа на тоа дека акциите на таа компанија ќе паднат од 18 на 15 долари.

И тогаш интервенираа група ентузијасти од „Редит“ и, купувајќи ги акциите на „ГејмСтоп“ преку платформата „Робинхуд“, ја зголемија цената за над илјада проценти во споредба со онаа што искусните играчи од хеџ фондовите се обврзаа да ја плаќаат на датумот на истекот на договорот.

Фондот, кој планираше да заработи умерено на „ГејмСтоп“, на денот на плаќањето имаше дефицит од 13 милијарди долари и беше принуден да поведе постапка за стечај.

Зошто регулаторот на финансискиот пазар не реагираше на постапката на аматерските инвеститори од „Редит“? Затоа што никој не ги прекрши правилата.

„Актерите од „Редит“ го одиграа овој потег јавно, без привилегиран пристап до информации, без врзани интереси, бидејќи пред акцијата што ја иницираа, тие самите не беа акционери на „ГејмСтоп“. Нивната прва намера беше да укажат на грдотијата на системот каде цената на акцијата може да оживее самостојно. без оглед на животот на компанијата на издавачот, а потоа да се заработат пари, што е легитимно“, пишува „Јутарњи“.

Се додава дека постои класичен начин на кој работат големите играчи на Волстрит. Основата, вели тој, е секогаш во промовирање на сопственото портфолио на големите глобални конференции (Давос, ММФ, СТО), на вечери со партнери, потенцијални клиенти, а потоа и презентирање на знаењето собрано од државните службеници. Откако целата приказна ќе заврши на „Блумберг“, „Си-Ен-Би-Си“ и „Фајненшл тајмс“, работата може да се смета за завршена, а цената на нивната стока да биде обезбедена.

„Ништо друго не беше сторено од луѓето од Редит. Тие го презентираа својот став пред јавноста, објаснија зошто „ГејмСтоп“ е потценет и ги поканија инвеститорите да им се придружат. Единственото нешто е што тие не го сторија тоа во Давос или Вашингтон, туку во читана алтернативна група на „Редит“. Она што „Твитер“ и го направи на политиката, кога им дозволи на аматерите да имаат директно влијание врз врвот, „Редит“ го направи на Волстрит во изминатите три недели“, заклучува весникот.

Поврзани вести

Македонија 57-ма во светот според глобалниот индекс на иновации

msp-admin

„Јас сум вонземјанин“ – напиша Маск на Твитер

Влатко Зорба

Македонската компанија „Брејнстер“ го освојува австрискиот пазар со обуки за дигитални вештини

msp-admin