СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

МФ: Поврат на ДДВ кон фирмите од 397,4 милиони евра во 2020 година

Минатата година во стопанството се слеале 397,4 милиони евра по основ на поврат на ДДВ кон фирмите. И покрај тоа што 2020 беше кризна година, минатата година има најголем поврат на ДДВ како процент од бруто наплатениот данок во споредба со изминатите години, додека исплатата се одвиваше редовно и без застои, соопштија од Министерството за финансии.

Минатата година извршен е поврат на скоро 34% од бруто наплатениот данок на додадена вредност. За споредба, во 2019 година извршен е поврат од 32%, во 2018 од 31%, во 2017 од 28%, во 2016 од 26% и во 2015 година од 28%.

Доколку се гледа во апсолутен износ, минатата година и покрај кризата, инјектирана е висока сума на средства по основ на поврат на ДДВ кон фирмите во споредба со претходните години. Ако минатата година е извршен поврат на 397,4 милиони евра, во 2019 година повратот изнесувал 403,9 милиони евра, во 2018 од 375,8 милиони евра, во 2017 година 315 милиони евра, во 2016 280 милиони евра и во 2015 година 283,5 милиони евра.

Редовниот и навремен поврат на ДДВ кон фирмите е од големо значење за ликвидноста во стопанството, особено во време на криза кога пристапот до средства е ограничен.

Поврзани вести

Оштетени штедачи: Доста е! Познат е криминалот на Еуростандард банка

Елези: Реализацијата на капиталните проекти оди со одлична динамика

msp-admin

Фондот за иновации и технолошки развој ја запира реализацијата на проектите од компании што се најдоа на листата на УЈП