Акциите на Apple скокнаа над четири проценти денес откако компанијата објави позитивни деловни резултати во третиот квартал.
Имено, во 10:14 часот источно време, акциите на американскиот технолошки гигант се зголемија за 4,07 проценти и достигнаа историски највисока цена затоа што беа продавани по 443,5 долари по парче.
Покрај тоа, компанијата ја надмина саудиската „Арамко“ во однос на пазарната капитализација минатата недела и стана највредната компанија во светот, достигнувајќи вредност од 1,77 трилиони долари.