СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Амазон порача повеќе од 700 камиони кои работат на ПРИРОДЕН ГАС

Амазон нарача стотици камиони кои работат на природен гас, сакајќи да се одалечат од тешките загадувачи, пренесe Ројтерс.

Пандемијата на коронавирусот доведе до експанзија на купувањето преку Интернет, а со тоа и до доставата до дома. Бројот на камиони што се користат за овие цели е многу поголем отколку во 2019 година, пред пандемијата, додека сообраќајот на патнички автомобили опадна, пренесува Seebiz.

Зголемената активност на патиштата доведе до повисок степен на загадување. Транспортните компании ја градат својата мрежа на електрични возила за да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид.

„Амазон е возбудена што воведува нови одржливи решенија за товар и работиме на тестирање на голем број нови типови возила, вклучително и електрични“, се вели во соопштението на компанијата.

Амазон порача повеќе од 700 возила со компресиран природен гас од класа 6 и од класа 8.

Природниот гас емитува приближно 27 проценти помалку јаглерод диоксид од дизелот, додека електричните мотори се сметаат за помалку одржливи за тешките камиони отколку за просечните патнички возила.

Поврзани вести

Новите податоци охрабруваат: Економијата на ЕУ закрепнува побрзо отколку што се очекуваше

Влатко Зорба

Студиото кое ја развива Call of Duty Mobile заработи 10 милијарди долари во 2020 година

Влатко Зорба

Постои голема потреба за финансиска инклузија во земјата, загрижува нивото на финансиска писменост

msp-admin