31.8 C
Скопје
18 септември, 2026
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Безос повторно е на врвот на светот: Му „бега“ на Маск за 6 милијарди долари

Елон Маск неодамна го „смени“ шефот на „Амазон“, Џеф Безос од тронот на списокот на најбогати луѓе на планетата. Сепак, таа среќа не траеше долго, но тоа не значи дека нема да се врати.

Имено, берзата е вечно турбулентна, па сопственикот на компаниите „Тесла“ и „Спејс Икс“ загуби дури 14 милијарди долари за еден ден.

Акциите на неговата компанија „Тесла“ вчера паднаа за скоро 8%, што ја намали нето-вредноста на Маск на 176,2 милијарди долари. Според проценките на „Форбс“, тој сега заостанува зад Безос за околу 6 милијарди долари.

Се проценува дека постариот Американец во моментов има нето богатство од 182,1 милијарди долари. Сепак, акциите на „Амазон“, исто така, паднаа вчера, но помалку, за околу 2 проценти. Како резултат, богатството на Безос се смали за 3,6 милијарди долари.

И покрај падот на акциите на „Тесла“, Маск е сепак околу 20 милијарди долари побогат од третата најбогата личност во светот, а тоа е Французинот Бернард Арно. Неговата вредност се проценува на 154,6 милијарди долари.

Поврзани вести

JPMorgan: Армијата во Reddit нема да предизвика голем пад на пазарот

Влатко Зорба

ПАНДЕМИЈА НА НЕВРАБОТЕНОСТ: Отпуштања во Европа, најмногу невработени во Австрија од Втората светска војна

Влатко Зорба

Лондон го надмина Њујорк како град со најголема концентрација на милионери на планетата

Влатко Зорба