СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

American Airlines најави отпуштање на 13.000 вработени

American Airlines, погодени од намалувањето на воздушниот сообраќај поради пандемијата КОВИД-19, предупредија дека може да отпуштат до 13.000 вработени доколку состојбата не се подобри и ако не се продолжи државната помош, која трае до 1 април.

„Ќе работиме со синдикалните лидери да сториме се што можеме за да го ублажиме влијанието врз вработените“, велат шефовите на компанијата во писмото до вработените, до кое АФП имаше пристап.

Тие наведоа дека вакцината против КОВИД-19 не се дистрибуира толку брзо како што мислеа и дека побарувачката е намалена поради новите ограничувања за патување во кои е потребен негативен тест за вируси за патниците, пренесува Бета.

Во пораката, потпишана од извршниот директор на компанијата Даг Паркер и директорот за операции Роберт Исом, се вели дека, врз основа на моменталната побарувачка, се чини дека нема да летаат како што се очекуваше ова лето.

Групата ќе започне да испраќа известувања за отпуштањата на 13.000 вработени во петок.

Друга американска авиокомпанија, United Airlines, минатиот петок испрати известување во иста насока за отпуштања на 14.000 вработени.

Тоа не мора да значи дека сите дефинитивно ќе си заминат.

United Airlines во јули минатата година предупреди дека 36.000 вработени можат да бидат отпуштени, но на крајот „само“ 13.000 вработени заминаа во октомври минатата година, кога истече државната помош.

Поврзани вести

Арсовска: Потребна е да се олесни пристапот до финансии и да се поддржат најзагрозените сектори

Граѓаните од С. Македонија и понатаму ќе можат да патуваат во Германија за да работат

msp-admin

Расте бројот на жени сопственички и косопственички на имот

msp-admin