За време на изградбата на Diamond, досега, во просек над 80% од работната сила е од локалното население. Локалните професионалци, експерти и работна сила додаваат вредност на нашиот проект со својата компетентност. Како и да е, морам да признам дека не беше лесно за нас, нашите подизведувачи / добавувачи да ги регрутираат овие локални таленти, бидејќи постои општа тенденција младите професионалци да ги бараат и истражуваат можностите надвор од Македонија, вели во интервју за Бизнис Инфо главниот извршен директор на Limak Скопје, Куртхан Апајдин.
Неговата компанија го гради мултифункционалниот комплекс Diamond of Skopje.
„Diamond е уникатен проект во регионот и ние привлекуваме најдобри таленти и работна сила во нашиот тим, затоа што сите тие знаат дека стекнувањето искуство во мултинационално опкружување со предизвикувачки опсег на проектот ќе го разликува нивниот развој во кариерата, и технички и социјално“, посочува тој.
Во однос на преференците, тој вели дека македонските клиенти имаат прилично многу барања и познавање кога купуваат дом.
– Тие се интересираат за сите детали при нивната посета на нашата канцеларија за продажба, како што е енергетска ефикасност на објектот, нивото на децибели на столаријата/внатрешните врати, видот на паркетот, фасадата и слично. Тие, исто така, прашуваат за висината и погледот на нивниот стан. На нашата интернет страница може да се види погледот кон Водно или Шар Планина со цел да се исполнат различни барања на секој кат. Забележавме дека го ценат квалитетот кога прават споредба со цената, посочува Апајдин.
Целото интервју на следниот линк!