СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Apple го надмина Aramco и стана најпрофитабилната компанија во светот

Никаде не се гледа транзицијата кон информатичкото општество и зелената економија повеќе, отколку во судирот на Apple и Saudi Aramco. Производителот на iPhone минатата година со 1,8 трилиони долари, а сега веќе и со повеќе од 2 трилиони, за прв пат ја надмина според пазарна вредност најголемата нафтена компанија во светот, вредна 1,76 трилиони долари. Но, Apple сега ја надмина саудиската компанија и по нето добивка.

Американскиот ИТ гигант скокна на број еден како најпрофитабилна компанија во светот. Во фискалната 2020 година, таа објави нето добивка од 57,4 милијарди долари, многу повеќе од Aramco, која имаше профит од 49 милијарди долари.

Цената на нафтата

Овој пресврт се должи на пандемијата на коронавирус. Минатата година глобалната економија се преврте наопаку. Превозот се намали, луѓето беа принудени да останат дома во голем број, а нафтените компании ширум светот речиси престанаа да купуваат. Како резултат, цената на нафтата нагло падна во април 2020 година, за прв пат во историјата. Така, барел нафта се продаваше под нулата долари. Aramco, компанија која имаше нето профит од над 100 милијарди долари во 2018 година, сега падна за 44 проценти на годишно ниво, на помалку од 50 милијарди долари.

Од друга страна, побарувачката за потрошувачка електроника скокна кога луѓето бараа начин да се забавуваат во четирите sида. Компанијата од Купертино особено имаше корист од ова. Луѓето продолжија да купуваат iPhone, Mac и iPad, дури и повеќе отколку порано. Така, и покрај пандемијата, Apple успеа да ги задржи своите високи маржи и статусот на единствената вистинска технолошка премиум марка.

Нето добивката на Apple порасна за нешто повеќе од 2 милијарди долари годишно и сега е близу 60 милијарди долари. Треба да се напомене дека финансиските календари на Apple и Saudi Aramco не се совпаѓаат многу добро. Фискалната година на саудијците одговара на календарската година, додека фискалната година на Apple започнува и завршува во септември.

Очекувања на аналитичарите

Ова значи дека во споредба со календарските години, Apple сигурно би имал уште поголема предност пред Saudi Aramco. Имено, во последниот квартал од минатата година, кој кулминира со продажбата за време на празници, Apple ја зголеми продажбата за 17 проценти во споредба со истиот период минатата година – на 65,6 милијарди долари. Покрај тоа, само во последниот квартал од минатата година, ИТ гигантот оствари нето добивка од 22,8 милијарди долари.

Саудиската компанија би можела да го врати статусот на најпрофитабилна компанија во светот веќе оваа година. Масовната вакцинација и отворањето на најголемите светски економии, почнувајќи од Кина преку САД до Велика Британија и Израел, имаат позитивно влијание врз енергетскиот сектор. Цените на нафтата повторно растат.

Очекувањата на аналитичарите за понатамошно движење на цената на нафтата се вратија на нивоата пред пандемијата. Но, за Aramco, проблемот со побарувачката на нафта ќе стане поизразен со приближувањето кон 2030 година, кога многу големи компании објавија дека сакаат да станат поодржливи, а со тоа и да создаваат помал отпечаток на јаглерод.

Поврзани вести

Степенот на општествена одговорност кај македонските компании

Влатко Зорба

ОМВ продава 120 бензински пумпи во Словенија

Влатко Зорба

Disney+ доаѓа една недела порано во Европа

msp-admin