СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Германија и Норвешка нарачаа 6 подморници од ThyssenKrupp

По долги преговори, Германија и Норвешка постигнаа договор за изградба на подморници во вредност од повеќе милијарди евра.

Германија и Норвешка нарачаа шест подморници од типот 212 на германската компанија „ThyssenKrupp Marine Systems“, објавија во вторникот министерствата за одбрана на двете земји.

Ќе бидат изградени две подморници за Германија и четири за Норвешка.

Според новинската агенција НТБ, Норвешка проценува дека нејзините трошоци во проектот ќе изнесуваат околу 45 милијарди круни (5,2 милијарди долари).

ThyssenKrupp Marine Systems ќе произведува подморници во Кил, а испораката треба да започне во 2029 година, три години подоцна од планираното.

Проектот ќе обезбеди голем број висококвалитетни работни места во и околу Кил до средината на следната деценија и ќе ја зајакне соработката помеѓу германската и норвешката морнарица, соопшти германското Министерство за одбрана.

„Со овој чекор, Германија и Норвешка заеднички ги поставуваат темелите за можна понатамошна соработка со голем број сојузници во ЕУ и НАТО“, додаде Министерството.

Преговорите за изградба на подморници започнаа во 2019 година, но беа одложени поради пандемијата. Берлин и Осло постигнаа договор и за набавка на ракети за вооружување на бродови.

Проектот допрва треба да биде одобрен од комитетот за буџет на германскиот парламент, посочува агенцијата ДПА.

Поврзани вести

Гејтс на големо купува земјоделско земјиште во Америка, придобил 242.000 хектари!

Влатко Зорба

Доколку се согласат во Кина, Oracle ќе го купи американскиот дел од бизнисот на „TikTok“

msp-admin

Huawei освои две награди на годишниот TechRadar Mobile ChoiceConsumer Awards 2019 – најдобар телефон со камера и телефон со најдобра вредност

msp-admin