СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Роналдо заработува повеќе од Инстаграм отколку од фудбал (инфографик)

Откако португалскaтa суперeрsвезда Кристијано Роналдо го оствари трансферот од Реал Мадрид во Јувентус, неговата годишна плата беше околу 34 милиони долари, пренесува Goal.com.

Колку и висока да е оваа плата, петкратниот освојувач на „Златната топка“ собира многу повеќе пари од платените постови на Инстаграм. Барем тоа покажува студија Buzz Bingo на Hopper HQ, објавена од Business Insider.

Според анализата, Роналдо заработил 47,8 милиони долари на платени објавувања на Инстаграм во текот на изминатата година, што го прави најплатен на платформата.

Поради неверојатниот број на луѓе до кои стигна фудбалерот на Инстаграм, некои компании имаат тенденција да се разделат и со над 1 милион долари, а играчот добива во просек 975.000 долари за секоја платена објава на својата сметка.

Поврзани вести

Шефот на Volkswagen отвори Твитер и упати „закани“ кон Маск

Влатко Зорба

Huawei вети 5G телефони под 150 долари до крајот на годинава

msp-admin

Домашната винска индустрија трпи огромни штети поради ковид-кризата

msp-admin