СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Русија договорила производство на Спутник V во ЕУ

Русија денес објави дека постигнала договори за производство на вакцината Спутник V против коронавирус со „компании од Италија, Шпанија, Франција и Германија“ во очекување на вакцината да биде одобрена во Европската унија.

„Во тек се и други разговори за зголемување на производството во ЕУ. Ова ќе овозможи снабдување на единствениот европски пазар со Спутник V да започне веднаш штом ќе биде одобрено од Европската агенција за лекови (ЕМА)“, рече Кирил Дмитриев, директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).

Службеникот на РДИФ, кој го финансираше развојот на Спутник V, не наведе кои европски компании постигнале договори.

Спутник V сè уште не е одобрен во Европската унија, но се тестира. Руските власти изразија подготвеност да обезбедат вакцини за 50 милиони Европејци заклучно со јуни.

Дмитриев денес изјави дека Русија е, исто така, подготвена да „започне со снабдување на земјите од ЕУ кои ќе го одобруваат Спутник V независно“ од ЕМА, како што е случајот со Унгарија, пренесе „Бета“.

Поврзани вести

Производите во „Алибаба“ ќе вредат 1,2 трилиони долари до 2025 година

Влатко Зорба

Девизните резерви во октомври повисоки за 60,7 милиони евра

msp-admin

Приходот на банкарскиот систем во Словенија бил 450 милиони евра за минатата година

Влатко Зорба