СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Во комшии: „Додека сум жив, нема да прифатам недела да биде неработен ден“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, повторно се осврна на прашањето за неработна недела и рече дека „додека е жив, нема да прифати такво решение“.

„Еве, ќе работам утре, кој си ти да ми забраниш да работам“, остро рече претседателот на Србија.

Да потсетиме, Претседателот претходно изјави дека нема да се согласи со барањата недела да се прогласи за неработен ден во Србија.

„Не може да биде неработна недела. Нема. Кој сака да не работи во недела, нека оди во некои други земји“, рече тој неодамна.

Вучиќ тогаш рече дека „не може да си го дозволат тоа“ и „дека треба да бидат горди што треба да работат повеќе“.

Поврзани вести

САД паднаа на второ место, Сингапур е најконкурентна економија во светот

msp-admin

Корона-вакцини на „Даркнет“ се наоѓаат и за 1.200 долари

Влатко Зорба

Луфтханза го започна најдолгиот лет во својата историја

Влатко Зорба