СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„АТС ГРОУП“ прва компанија од земјава која ќе биде дел од глобален престижен саем за воена опрема во ОАЕ

Компанијата АТС ГРОУП од Скопје ќе биде дел од престижниот саем за воена опрема во Обединетите Арапски Емирати – IDEX 2021, https://idexuae.ae/, еден од најреномираните глобални настани во оваа индустрија, на кој учествуваат најголемите производители од светот. АТС ГРОУП е прва компанија од земјава која ќе биде дел од овој глобален саем. Покрај тоа АТС ГРОУП ќе учествува и на меѓународната конференција за одбрана, под покровителство на претседателот на ОАЕ, Н.Е. Шеикот Калифа Бин Зајед Ал Нахјан, што ќе се одржи во рамките на саемот.

“Ова е навистина голем успех и за нашата компанија, но и за земјата, бидејќи за прв пат една македонска компанија е дел од ваков престижен саем, што е потврда за нашиот квалитет и висока конкурентност која не заостанува зад големите глобални производители во индустријата. Горд сум што успеавме со сопствени сили и со знаењето и вештините на нашите луѓе да го постигнавме овој успех, кој е значаен и за нашата земја, а особено за македонската економија“, изјави Шефшет Демировски сопственик на АТС ГРОУП.

Саемот и меѓународната конференција ќе бидат одлична можност за позиционирање на Република Северна Македонија и компанијата АТС ГРОУП во оваа индустрија, но, и да ги презентираат своите можности и достигнувања, преку создавање на нови партнерства со водечки компании од оваа индустрија партнери на НАТО сојузниците.

Учеството на АТС ГРОУП на саемот и меѓународната конференција во Обединетите Арапски Емирати го помогна и македонската амбасада во Абу Даби и амбасадорот Н.Е. Абдулкадар Мемети кој даде огромна поддршка.

АТС ГРОУП во време на пандемија проектира инвестиции во износ од 30 милиони евра, од кои 10 милиони евра во тек на 2021 година, додека пак во текот на 2022 година, проектираните инвестиции се во износ од 20 милиони евра. Најголемиот дел од производството е наменето за извоз на странските пазари. И во време на кризата предизвикана од Пандемијата со Ковид 19, АТС ГРОУП продолжува да креира нови работни места. Во компанијата работат над 450 лица, а во тек се и нови вработувања, со што компанијата дава сериозен придонес во домашниот економски развој.

Поврзани вести

Заев за барањата на текстилниот Кластер за зголемување на работното време за половина час: Тоа мора да биде екстра платено

msp-admin

Италија затвора повеќе од 20 проценти од хотелите

msp-admin

БМВ работеше подобро од очекуваното во првиот квартал

Влатко Зорба