СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Азески: Ако нема владеење на правото, нема ни раст на бизнисот

„Во моите настапи преовладува оптимизам што е и очекувано, зашто во вакви ситуации не смееме да велиме дека нема излез. Сопствениците на фирмите за кои зборуваме, 45.000 активни од кои 20.000 остваруваат профит, не можат да ги дигнат на рамо и да ги изнесат надвор, а сега и нема каде да ги однесат. Затоа мора да дојде до подобрување на ситуацијата. Но, ако нема владеење на правото, нема ни раст на бизнисот. Ние сме заинтересирани за апсолутно стабилизирање на државата, посебно на правосудниот систем“, вели претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески за МИА.

„Иако имаше некои реформи, не сме задоволни како тоа функционира во пракса зашто има случаи што се влечкаат со години, а за тоа се ангажираат средства, камати. Мислам дека влегувањето во НАТО и какво-таквото придвижување кон ЕУ не става на колосек од кој не можеме да одиме лево или десно, мора да движиме право како што налага пругата. Што поскоро одиме во тој правец, полесно ќе ги решаваме и проблемите.

За мене голем напредок е и самото сфаќање од страна на државата дека напредок во владеењето на правото мора да има. Конечно, по многу години, оваа Влада прифати да ги постави клучните прашања на дневен ред – парафискалните давачки, промена на Царинскиот законик, воведување Даночен календар со што однапред ќе се знае по кава процедура ќе се менува оваа алатка која може да предизвика сериозни последици кај фирмите, донесување на законот за холдинг друштва, промени во Законот за извршување кој ја фаворизира државата во однос на приватниот сектор, економска дипломатија која ќе биде ставена во функција на стопанството, докапитализирање на Македонската банка за обнова и развој.

Тука би го спомнал и наследното право кое не е чепнато уште од Југославија, а може да има значителни последици, посебно во аграрот. Во земјите на ЕУ не е дозволено делење на земјиштето при оставинските постапки, туку има други механизми за да не дојде до негово раситнување. Ова се клучните прашња за кои сме ги убедувале сите влади, но оваа Влада имаше смелост да ги стави на дневен ред, да ги стави на маса, а дали и како ќе одиме понатаму ќе видиме. Засега можам да кажам дека кога одиме на средби во Владата, постои расположение да се разрешат, но се од обемен карактер. Ако порано се носеа законите и имаше проблем во имплементацијата и се заобиколуваше бизнис заедницата, сега бизнис заедницата е вклучена во тоа, а имплементирањето какво ќе биде, ќе видиме, треба да почекаме“, вели тој.

Поврзани вести

На Европа и се потребни 355 милијарди долари за воведување на 5G

Влатко Зорба

Профитот на банките намален за 751 милион денари во првиот квартал

msp-admin

„Дизни“ отпушта 28.000 вработени

msp-admin