СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Берзата во „зелено“ оваа недела

Вкупниот промет на Македонска берза, во период од втори до шести март оваа година, достигна ниво од 6.682.652 евра, што е 6,24% повеќе во однос на претходната недела, покажува Неделниот преглед, цитиран од Бизнис инфо.

Пораст од 2,13% има кај вкупниот број на трансакции, коишто оваа недела достигнаа бројка од 1.008. Пазарната капитализација оваа недела се позиционираше на 3.357.265.902 евра или 2,75% повеќе во однос на претходната недела.

Најтргувани акции, од втори март до денеска, се оние на Комерцијална банка, Алкалоид, НЛБ Банка, Гранит и Стопанска банка.

Имдексот МБИ 10 денеска достигна 4.966,10 поени или 6,26% повеќе во однос на истиот период минатата недела. Пазарната капитализација на шести март е 1.989.488.759 евра, што е зголемување од 1% во однос на минатиот петок.

Поврзани вести

На Европа и се потребни 355 милијарди долари за воведување на 5G

Влатко Зорба

Бајден: Не може да седиме со скрстени раце за време на економска криза

Влатко Зорба

„Алкалоид“ со донација за студентските и училишните домови во Скопје во вкупен износ од близу 5 милиони денари

msp-admin