СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Битиќи: Успехот на домашните компании ќе се пресликува и во благосостојбата на нашето општество

Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во рамки на серијата посети на компании со кои Владата има склучено договори за финансиска поддршка, денес ја посети компанијата Хај Тек Корпорејшн, лоцирана во населбата Орешани во општина Зелениково.

По средбата со сопственикот на Хај Тек и обиколката на производниот погон на компанијата, вицепремиерот Битиќи во изјава за медиумите нагласи дека оваа компанија е добар пример на домашна компанија која на дело покажува како треба да се справуваме со економската криза, како треба да се поставиме во глобалната екомонија и како се станува конкурентна компанија.

„Хај Тек е семејна компанија, која има традиција од 40 години, којашто покажала дека само со инвестиции во истражување и развој може да станете конкурентни, не само на македонскиот пазар, туку и во регионот и на глобално ниво. Ова е една од 245-те компании кои во изминатите 3 години имаат склучено договори за финансиска поддршка со Владата, од мерките од Планот за економски раст односно Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Компанијата Хај Тек само во овој момент, во Северна Македонија вработува околу 200 лица, присутна е уште во 4 други држави, со вкупен број на вработени над 250 лица“, посочи вицепремиерот.

Во оваа компанија се изработуваат производи со додадена вредност, таканаречени ПЦБ табли (Printed circiut boards) кои се користат во електронски уреди во автомобилската и авионската индустрија, апарати за домаќинство, медицински уреди, индустриски машини, комуникациска технологија и други сектори.

„Тоа што ме радува е што поголемиот број на вработени се високо едуцирани луѓе, инжинери, солидно платени за својата работа, а секако го користат својот потенцијал и знаење дома, во нашата држава. Ова е пример како за секое едно младо лице може да се покаже дека има можност и во нашата држава да успее и да покажеме колку можеме да придонесеме целокупно во регионалниот развој и пошироко. Го поздравувам исто така ентузијазмот на оваа команија и сопственикот кој беше првиот кој инвестираше во објект во технолошко индустриските развојни зони и со тоа покажа дека и македонски компании можат да инвестираат во ТИРЗ, дека тоа не е само мит, туку само една визија во којашто македонските компании можат, ако знаат како, да ги искористат сите поволности кои државата ги нуди. Владата ќе биде партнер на успешни компании, компании кои се технолошко развиени, да продолжат и понатаму во таа насока, да растат, да се развиваат, да наоѓаат нови пазари и секако да го зголемат и обемот на производство, прометот, но секако и бројот на вработени лица од Северна Македонија. Верувам дека со овој пристап сите добиваме. Добиваме побрз и одржлив економски развој, а граѓаните добиваат можност за поквалитетни и подобро платени работни места, тука во нашата држава, да се остварат лично и професионално во Северна Македонија, да ја градат својата сегашност и да ја планираат својата иднина. Цел ни е сите успешни компании да бидат уште поуспешни, поконкурентни и да ги има уште повеќе. Тие се едни од нашите најдобри амбасадори во светот. Успехот на нашите македонски, домашни компании е гордост за сите нас и тоа ќе се пресликува и во благосостојбата на нашето општество“, нагласи вицепремиерот Битиќи.

Поврзани вести

„Фолксваген“ купи стартап кој развива технологија за автономни возила за 2,6 милијарди долари

msp-admin

Hyundai и Apple планираат да потпишат договор за автономни возила до март

Влатко Зорба

Банкротираа 20% од рестораните во Бугарија

msp-admin