Бизнисмените од Западен Балкан упатија заеднички апел до своите влади и политичките структури во регионот да направат сè за економијата да функционира на наједноставен можен начин и да се свртат кон иднината и заедничката регионална соработка.
Овој апел е испратен од седницата на Управниот одбор на Комората за инвестициски форум на Шестте од Западен Балкан.
Според соопштението од состанокот одржан во Српската стопанска комора во Белград, бизнисмените бараат итно отстранување на сите деловни и економски бариери во регионот, особено оние што произлегуваат од лошите политички односи меѓу Белград, Приштина и Сараево.
Од владите во Сараево и Приштина беше побарано да ги укинат визите и сите други ограничувања на слободата на движење.
Побарано е признавање на регистарските таблички и осигурување на возила, што спречува целосна слобода на движење и деловно работење, што доведува до непотребни трошоци во работењето на економијата.
Исто така, беше оценето дека иницијативата за укинување на ПЦР-тестот за патување на граѓаните во земјите од регионот, донесена по иницијатива на стопанските комори, имала голем ефект врз деловната активност на компаниите.