СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Боинг 737 MАКС полета за прв пат во Европа по низата трагедии во 2019 година

Авионот Боинг 737 MАКС го направи својот прв патнички лет во Европа од 2019 година, кога авионите на американскиот производител беа приземјени по две кобни несреќи во кои загинаа 346 лица.

Летот го реализираше во средата авиокомпанијата „ТУИ флај“ на линијата Брисел – Малага, со Боинг 737 MАКС 8 стар три години, пренесува специјализираниот портал simpleflying.com.

– Авионот 737 MAКС се врати во функција на летот од Брисел до Аликанте и Малага – објави летачката компанија ТУИ.

„Боинг“ во криза, продолжува да го намалува бројот на вработените ширум светот

Европската агенција за безбедност на воздухопловството (ЕАСА) го одобри враќањето на овој модел на авион во сообраќајот на 27 јануари годинава, два месеци откако тоа го стори Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА).

Боинг 737 MAКС беше спуштен на земја во март 2019 година по две несреќи во рок од само пет месеци. Првата несреќа, во која животот го загубија 189 патници, се случи во октомври 2018 година, кога се урна авионот „Лајон Ера“ во Индонезија, а втората несреќа, во која загинаа 157 лица, се случи на летот на компанијата Етиопија ерлајнс во март 2019 година.

Американскиот производител на авиони, Боинг, ги изврши потребните модификации и промени во компјутерската програма во пилотската кабина, кои беа поврзани со несреќите, по забраната за летови за 737 MAКС, и спроведе нова обука за пилотите

Поврзани вести

Кои земји од ЕУ им се најпривлечни за живот на Македонците?

msp-admin

Фирмите што користат средства од ФИТР уплатиле во Буџетот 3,5 милиони евра повеќе, отколку што Фондот исплатил кон проектите

msp-admin

Форбс: Овие лекари и научници станаа милијардери за време на пандемијата

Никола Поповски