СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Електричните автомобили за 5 години ќе чинат колку класичните, во 2035 година целосно ќе доминираат

Електричните автомобили во Европа ќе бидат поевтини во салоните, односно по напуштањето на производната линија, отколку возилата со фосилни горива, во рок од шест години. Тие би можеле да достигнат целосна доминација на цели 100 проценти од пазарот до 2035 година.

Производителите на автомобили масовно се префрлаат на електрични и хибридни модели за да ги намалат просечните емисии под границата на CO2 од 95 g / km во Европската унија. Во спротивно, ќе се соочат со високи казни.

Студијата, спроведена од „Bloomberg New Energy Finance“, покажа дека електричните седани и моделите на џиповите ќе имаат иста цена на производство како возилата на СУС-погон веќе во 2026 година. Малите автомобили ќе го достигнат тоа ниво до 2027 година, според студијата нарачана од Европската организација за транспорт и животна средина, невладина организација блиска до институциите на Европската унија.

Падот на цената на батериите и употребата на производствени линии посветени на производство на електрични возила ќе ги направи во просек поевтини, дури и пред субвенциите, се наведува во студијата, пренесува „ХАК магазин“. Електричната лимузина, која чинеше скоро 40.000 евра пред оданочување во 2020 година, се очекува да се продаде по иста цена како и моделот со бензински или дизел мотор, кој чинеше околу 20.000 евра, до 2026 година, покажа истражувањето.

Електричните автомобили ќе учествуваат со 50 проценти во продажбата на нови возила до 2030 година и 85 проценти до 2035 година, доколку политиките останат исти. Тие би можеле да достигнат дури 100 проценти до 2035 година, ако законодавците ги зголемат целите на СО2 во возилата и заострат други политики кои го стимулираат пазарот, како што е побрзо воведување станици за полнење.

Поврзани вести

PayPal воведува плаќање со криптовалути

msp-admin

Wizz Air без летови од и до Македонија до 30-ти мај

msp-admin

Google заштедил МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ поради работата од дома

Влатко Зорба