СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Брегу: Заедничкиот регионален пазар доби широко признание и поддршка

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу, денес изјави дека напорите што регионот ги вложува во реформската агенда за Заедничкиот регионален пазар добиваат широко признание и поддршка.

„Напорите на регионот во реформската агенда за Заедничкиот регионален пазар добија широко признание и поддршка, вклучително и на неодамнешниот состанок на министрите за надворешни работи и развој на Г7, каде лидерите го поддржаа понатамошниот напредок во регионалната соработка преку Заедничкиот регионален пазар, Зелениот план и Берлинскиот Процес“, рече Брегу на отворањето на Првиот состанок за координација на донаторите на заедничкиот регионален пазар.

Целта на инаугуративниот состанок за координација е да се подигне свеста за клучните реформи во политиката за да се обединат напорите за постигнување максимални резултати во амбициозната временска рамка во следните четири години, соопшти РЦЦ.

Процесот на координација на донаторите ќе продолжи подоцна во текот на годината за детално идентификување на потребите за инвестиции во секторот, особено како дел од агендите за дигитална трансформација, индустрија и иновации.

„Владите во регионот треба да предложат конкретни инвестиции потребни за единствениот пазар да стане реалност на Западен Балкан. Ја повторуваме нашата целосна подготвеност да ги поддржиме шестте држави од ЗБ во овој потфат “, додаде Брегу.

РЦЦ наведува дека националните ресурси никогаш нема да бидат доволни за економско закрепнување на регионот и дека покрај поддршката на Европската унија, потребни се партнери и донатори за одржлив развој.

Првиот координативен состанок на донатори за заеднички регионален пазар обедини министри од економиите на Западен Балкан, претставници на донаторската заедница, меѓународни финансиски институции и билатерални донатори, како и претставници на ЦЕФТА и претставници на Европската комисија кои изразија интерес за целосно учество и остварување на агендата на РЦЦ, се вели во соопштението.

Поврзани вести

Битиќи: Регулаторната комисија за енергетика одлучува за цената на струјата

Влатко Зорба

Baidu ќе произведува електрични автомобили

Влатко Зорба

Колемишевски за „FDI Intelligence“: Нема да сопреме со законските измени и реформи, процесот ќе привлече странски инвеститори

msp-admin