СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бројот на 5G врски ќе надмине една милијарда до 2023-та

Бројот на 5G врски во светот ќе надмине една милијарда по околу четири години. Клучни фактори за раст на новите мрежи ќе бидат големиот обем на генерирани и потрошени податоци, Интернет на нештата (IoT) и апликациите во реално време.

Според новата прогноза за ИДЦ, бројот на 5G врски оваа година се проценува на околу 10,0 милиони и ќе достигне 1,01 милијарди во 2023 година. Овие бројки соодветствуваат на просечна годишна стапка на раст од 217,2%.

Аналитичарите забележуваат дека воведувањето на 5G во текот на следните неколку години ќе биде поткрепено со зголемениот обем на генерирани и потрошени податоци. Овој фактор ќе се манифестира и во корпоративниот и во сегментот на потрошувачи.

Миграцијата кон 5G на корисници, кои интензивно користат податоци ќе им овозможи на операторите да управуваат со мрежни ресурси поефикасно, покажува анализата на ИДЦ.

Втор клучен фактор за раст на мрежите од петта генерација е зголемувањето на бројот на IoT уредите. Покрај тоа, предноста на 5G во однос на ниската латентност ќе игра важна улога, што ќе даде поттик на апликациите на кои им е потребен одговор во реално време.

Поврзани вести

Глобалните емисии на метан се еднакви на отпечатоците од јаглерод во Европа во 2020 година

Влатко Зорба

Huawei може да ја заврши годината со испорачани 230 милиони смартфони

msp-admin

„Ерсте“: 2021 е година на просперитет како резултат на три клучни фактори

Влатко Зорба