СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

Денеска во Europe House е финалето на Креатон

Амбасадата на Словенија во Скопје и центарот за неформално образование Creative Hub Ве канат на финалната презентација на 45-дневниот Креатон, којашто ќе се одржи во Europe House.

Низ 45-дневниот период, 15 студенти од Академија за графички дизајн и Академија за веб дизајн на Creative Hub заедно со пет студенти од ФЕИТ работеа на редизајнирање на понудата на пет македонски компании коишто произведуваат македонски производи.

Студентите низ менторски часови со предавачи од Creative Hub, но и од Факултетот за применети уметности од Љубљана имаа можност да ги применат знаењата стекнати на Академиите, но и да направат општествено добро. Преку користење на креативните вештини студентите редизајанираа логоа, изработија веб страни, дизајн на пакувања и на производи се со цел да ја подобрат понудата на компаниите.

Петте компании кои беа избрани од самите студенти се винарската визба Попови, производителите на мед Дабески, Марковски сувенири, компанијата за производство на македонско сирење Хит 73 и компанијата за производство на маџун Дивинум Приме.

Овој проект, којшто е темел на една прва билатерална соработка помеѓу Министерството за надворешни работи на Словенија, Амбасадата на Словенија, центарот за неформално образование Creative Hub, има креативна, но и економска вредност за општеството преку подобрување на понудата на компаниите.

На настанот којшто ќе се одржи оваа среда со почеток во 11 часот ќе се обрати Амбасадорот на Словенија во Р.С.М проф. Д-р Милан Јазбец, Евроамбасадорот Самуел Жбогар, Аријана Коскарова од Creative Hub, а истовремено и ќе се одржи и промоција на проектите.

Поврзани вести

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар

Луѓето бегаат од Њујорк: Становите се празни, притисок врз цените на недвижностите

msp-admin

Влада: Да се разгледа можноста за финансиска поддршка за работодавачите, за родителите на ученици до 10 години, кои се ослободени од работа