СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„ЏејПи Морган“ призна дека погрешно го проценил проектот за Европската Суперлига

Американската банка „ЏејПи Морган“ денес призна дека „очигледно погрешно го проценила“ фудбалскиот проект на Европската Суперлига, кој сакаше да го финансира, но кој брзо се претвори во фијаско.

„Очигледно е дека лошо оценивме како оваа операција ќе се сфати во светот на фудбалот во поширока смисла и за влијанието што би го имала во иднина. Од тоа ќе научиме лекции“, рече портпаролот на банката, пренесува „Бета“.

10 од 12-те основачки тимови ја напуштија Суперлигата, а во лигата останаа само два шпански тима, Барселона и Реал Мадрид.

Сите шест англиски клубови, Манчестер Сити, Челси, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем ја напуштија лигата во вторникот, а ден подоцна истото го сторија и три италијански клуба, Интер, Милан и Јувентус, како и шпански Атлетико Мадрид.

Претседателот на Суперлигата, Флорентино Перез изјави дека идејата за лигата „не е мртва, туку е во состојба на подготвеност“.

Поврзани вести

Докажаните резерви на големите нафтени компании ќе бидат исцрпени за 15 години

Хрватска: Даночната управа инсталира чипови во кафематите

Влатко Зорба

Секој седми нов автомобил ќе биде електричен во 2024 година

msp-admin