СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Агенција на ОН бара на најсиромашните да им се отпише долг од трилион долари

Околу трилион (1,000,000,000,000) американски долари долг на земјите во развој треба да бидат отпишани според глобален договор кој денеска го предложи Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД), за да помогне во надминување на кризата предизвикана од епидемијата на коронавирус.

Овие земји, кои веќе имаат на товар огромни долгови, сега се соочуваат со глобален економски крах поради кој се намалија цените на нафта и другите стоки за извоз и ги ослабна локалните валути.

„Ова е време кога земјите во развој треба да го олеснат својот долг“, рече Ричард Козул-Рајт, директор во УНКТАД.

64 земји со ниски приходи трошат повеќе на сервисирање на долгот отколку на нивните здравствени системи, велат од агенцијата.

Оние со високи приходи мораат да вратат помеѓу 2 и 2,3 трилиони американски долари во 2020 и 2021 година, и помеѓу 700 милијарди и 1,1 трилион долари оние со средни и ниски приходи, според УНКТАД.

Поврзани вести

Xiaomi гради фабрика која ќе произведува по 60 5G смартфони во минута

msp-admin

ССК и Занаетчиската комора здружено ќе настапуваат за подобри услови

msp-admin

Тутунскиот комбинат Прилеп со добивка прв пат по 20 години

msp-admin