СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Pay to stay – модел за економски спас

Тајланд веќе 17 години ја има визната програма Pay to stay (плати за да останеш), којашто би ѝ помогнала во ситуација кога земјата се соочува со финансиски потешкотии поради пандемијата.

Станува збор за виза што ја добиваат богати странци, моќни иселеници од земјата и инвеститори кои се заинтересирани да се преселат на Тајланд на подолг период.

Богатите Американци веќе покажаа афинитет кон прибежишта, односно места кои се изолирани и до коишто може да не допре ниту една зараза.

За да се добие виза во рамки на Pay to stay програмата, потребно е да се одвојат од 16.000 до 64.000 долари, а важи за период од пет години, што може да се продолжи. Оние кои ќе добијат ваква виза ќе имаат пристап до различни удобности, како што се чартер летови, јахти, медицински прегледи, присуство на спортски настани и слично.

Се очекува до крајот на септември за оваа виза да се пријават над 2.200 богаташи, што ќе биде околу 7% повеќе во однос на минатата година.

Поврзани вести

Facebook воведува нова услуга, а може да ја користат и тие што немаат профил

msp-admin

Во Британија без бензински и дизел автомобили од 2030 година

msp-admin

На кого влијае драстичното зголемување на даноците на претпријатијата во Британија?

Влатко Зорба