СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

На кого влијае драстичното зголемување на даноците на претпријатијата во Британија?

Британскиот министер за финансии, Риши Сунак, најави зголемување на данокот на добивка за 25% во април 2023 година, со цел владата да ги поврати јавните финансии по големото задолжување поради пандемијата.

Имено, Велика Британија е една од најзагрозените економии во светот, за време на корона-кризата, а Сунак ја донесе оваа одлука за време на неговото излагање за буџетот во Долниот дом на британскиот парламент.

Тој, сепак, истакна дека одлуката ќе се спроведе само една година откако, според проценките, бруто домашниот производ се очекува да се врати на нивото на пред-пандемијата.

Сунак додаде дека малите компании, со профит од 50.000 фунти (69.816 долари) или помалку, ќе бидат заштитени, така што даночната стапка за нив ќе се задржи на сегашното ниво од 19 проценти, пишува CNBC.

Ова, всушност, значи дека дури 70% од компаниите (1,4 милиони) нема да бидат погодени од новото зголемување на данокот на добивка. Министерот за финансии на Велика Британија понатаму изјави дека за компаниите, со профит над 50 000 фунти – ќе се применуваат прогресивни стапки, но данокот од 25% ги погодува само оние кои имаат профит поголем од 250.000 фунти.

Владата во Лондон позајми рекордни 355 милијарди фунти во мирно време од почетокот на пандемијата, што е 17 проценти од БДП. Тие имаат намера да позајмат дополнителни 234 милијарди фунти (10,3% од БДП) следната година. За потсетување, Сунак најави дополнителна помош за компаниите на крајот на минатиот месец.

Продавници, барови, клубови, хотели, ресторани, спортски сали и фризерски салони би биле меѓу скоро 700.000 компании кои имаат право на нова директна готовина до 18.000 фунти. Локалните власти во Англија, исто така, ќе добијат дополнителни 425 милиони фунти за распределба на грантовите на компаниите.

Короната, сепак, не е единствената причина за кризата на државата и компаниите. „Брегзит“ остави и негативни последици врз разни бизниси, а Лондон го губи влијанието на финансискиот центар.

Поврзани вести

Најголемата компанија за недвижнини во светот влезе на српскиот пазар

Влатко Зорба

Квалитетното образование како почетна точка за успешна професионална кариера

msp-admin

Nestle повлекуваат 350.000 килограми сендвичи, се сомнева дека содржат стакло и пластика

Влатко Зорба