СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Градежниот сектор е погоден од кризата, локалната власт има механизми да помогне

Состојбата предизвикaнa од епидемијата на коронавирус ќе има негативен краткорочен до среднорочен импакт и врз градежниот сектор во Македонија, како една од виталните гранки на домашното стопанство. Веќе се бележат драстично негативни бројки во многу сегементи сособено во интересот за новоизградените станбени објекти што е одраз на општата несигурност кај купувачите.

Ова се дел од главните поенти содржани во анализата на ренoмираната консултанска компанија
за недвижности Cushman &Wakefield/FORTONKMKA, а е посветена на проценка на влијанието на кризата врз пазарот на недвижности во државата. Од оваа компанија информираат дека од почетокот на кризата минатитот месец до денес се регистрирани неколкукратни намалувања во интересот на купувачите за нови станбени единици.

“Ние како компанија редовно водиме статистика и анализиза за интересот на потенцијални купувачи за нови станбени комплекси за целата држава а собено за Скопје како најрепрезентативен случај. Нашите податоци покажуваат дека со ограничувањето на движењето и општото чувство на економска несигурност во Март и Април се бележи намалена посетеност на станебените комплекси на продажба за околу 83 % или за околу пет пати намалување во однос на Јануари и Февруари. Ова ќе има сериозни импликации врз побарувачката за нови станови што на крајот ќе се одрази врз целокупниот перформанс на градежниот сегмент во држвата, односно неговата сопосбност да го одржи трендот на еден од главните двигатели на домашната екомија во смисла на генерирање вработување и потрошувачка на градежни материјали,” вели Сашо Цветковски, директор на оделот со станбен простор во Cushman &Wakefield FORTONKMKA.

Според него, има многу позитивни примери од регионот кои можат да се превземат од страна
на општините за да му се помогне на градежниот сектор полесно да се справи со кризата.

“Доволно е локалнта власт да размисли за воведување мерки со цел да му помогне на градежништвото.Генерално барање на повеќето градежни фирми особено од Скопје е да се намалат комуналиите до 50% со што со самото намалување на цените на комуналиите неминовно ќе се намалаи и трошокот за градба а со тоа и самите цени на становите. Во услови на пролонгирана криза (трендот на намалувње на цените ќе продолжи а естимацијата е дека до крајот на годината ќе достигне и до 30% и многу градежни компании ќе изгубат интерес за вложување во услови на природно намалување на цената). Дополнитело банките го стегаат обрачот на кредитирање и ако се знае дека 70% од продажбте се фнансираат преку банкарски кредити ова ќе значи дополнителен предизвик за сите нив. Како плус оптоварување на градежните фирми може да биде и зголемувањето на набавната цена од причина што се очекува цените на материјалите да се качуваат и тоа од минимум 10% до 20% како последица на факторот – недостиг на производство, нагласува Цветковски.

Сепак тој додава дека под услов да се стабилизира кризата во третиот квартал од годината ќе дојде до нормализирање на побарувачката за станови што во комбиниција со превеземните мерки од страна на локалната власт би ги амортизирало негативните трендови од првиот и вториот квартал од годината.

Поврзани вести

За безбеден зимски туризам набавени возила и специјализирана опрема во прекуграничниот регион околу Охридското Езеро

Влатко Зорба

Туристичко-угостителскиот сектор ДОБИЛ над 37,6 милиони евра помош од државата

Влатко Зорба

„Мудрецот од Омаха“ се обложува против американската економија?

Stefanija Kuzmanovska