СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бочварски: На источниот дел на коридорот 8 инвестираме над 80 милиони евра во патната инфраструктура

Активно работиме на експресниот пат на коридорот 8, Ранковце – Крива Паланка со должина од 25 километри и вредност од 58 милиони евра. Прогресот конкретно на делницата Крива Паланка – Длобочица е над 50 проценти, а продолжуваме да работиме активно во оваа градежна сезона, соопшти денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Заедно со вицепремиерите Фатмир Битиќи и Љупчо Николовски денска извршија увид во градежните работи на терен каде се сретнаа со изведувачот и надзорниот орган.

„Само на источниот дел на коридорот 8 инвестираме над 80 милиони евра во патната инфраструктура. Нашите транспортни коридори добиваат нови модерни решенија безбедни за граѓаните“, сподели Бочварски.

Поврзани вести

ЕК: Преку Гаранцискиот фонд за Западен Балкан, ќе се мобилизираат до 20 милијарди евра

Берта Китинска

Управа за финансиско разузнавање: Секогаш кога постојат основи на сомневање за сторено кривично дело, веднаш ги известуваме надлежните државни органи

Ангела Веселиновска

Колемишевски: Зелената економија и поддршката на жените претприемачи е она кон кое треба да се стремиме во иднина