СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Доаѓа зима и нема седење надвор – како рестораните ќе ја „преживеат“ кризата?

На осми октомври, додека Илиноис забележа најголем број новозаболени со Ковид-19 од мај, Чикаго ги објави победниците на едномесечниот предизвик за дизајн, којшто вклучува стотици решенија поврзани со тоа како ќе се јаде во ресторани оваа зима?

Едно од победничките решенија е „мобилна кабина“, инспирирана од куќи за риболов на мраз, кои ќе имаат греење и ќе имаат ширина и должина на едно паркинг место.

Здружението на ресторани во Илиноис планира да соработува со локални градежни компании на изработка на прототипи за секоја идеја и потоа да ги тестираат во следните недели.

Но, постои страв дека иако идеите можат да се претворат во реалност, тие би можеле да бидат скапи за некои сопственици. Новите решенија би им се исплатиле само на локалите кои своите услуги можат добро да ги наплатат, но не и во рестораните кои се наоѓаат во населби каде жителите имаат просечни или ниски примања.

Угостителите од Чикаго даваат мрачна прогноза дека до 30% од локалите во градот веројатно нема да ја “преживеат“ оваа зима, без помош или некоја интервенција.

Како најекономично решение се споменува и инсталирање надворешни грејачи надвор, во градината. Тие чинат од 150 до 1.500 евра за парче. Во меѓувреме, зголемената побарувачка на грејачи доведе до недостаток на апарати во неколку поголеми градови во САД, вклучувајќи ги Њујорк и Вашингтон.

Поврзани вести

Руска централна банка: Тековни цени на нафтата се фер

Влатко Зорба

Кина извезла околу 220 милијарди хируршки маски во 2020 година

Влатко Зорба

Маск со нова титула – „Technoking of Tesla“

Влатко Зорба