СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ЕУ плаќа повисоки сметки за струја, Македонија ја очекува одлуката следната недела

Следната недела ќе се знае дали ќе плаќаме повисоки сметки за струја, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) најави конкретни информации за новите цени на струјата и парното, пренесе Бизнис Инфо.

Во овој момент, Македонија е земја во регионот и Европа што плаќа една од најниските цени на овој енергенс. Според податоците на Eurostat, домаќинствата во земјава плаќаат 7,83 центи за киловатчас потрошена електрична енергија.

Што се однесува до земјите од регионот, највисока струја плаќаат домаќинствата во Словенија и тоа 16,34 центи за киловатчас. Состојбата во другите земји од регионот е следна: Хрватска (13,2 центи), Црна Гора (10,3 центи), Бугарија (9,99 центи), Босна и Херцеговина (8,73 центи), Албанија (8,4 центи) и Србија (седум центи).

Од друга страна, најскапа струја во Европа плаќаат домаќинствата во Германија (30,88 центи) и Данска (29,84 центи), што освен на стариот континент, е највисока цена и во светски рамки.

Србија од први септември најави зголемување на цената на струјата од 7,7 до 7,9%. Но, овој тренд на зголемување на цената на струјата веќе постои во земјите членки на Европската унија. Според европската статистика, во просек цената на струја што ја плаќаат домаќинствата во земјите членки на ЕУ е зголемена за 21,6 евра за 100 киловатчас. Тоа е зголемување од 1,3% меѓу втората половина на 2018-та и втората половина на 2019 година.

Меѓу земјите членки на ЕУ, најголемо зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, во втората половина на 2018 и истиот период од 2019 година, има во Холандија (19,6%), по што следуваат Литванија (14,3%), Чешка (11%) и Романија (10,1%).

Дали во земјава ќе има поскапување на струјата треба да одлучат надлежните институции, а според првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски, во јуни е добиено барање од МЕПСО и Електродистрибуција да се одложат постапките за определување на цените, имајќи ја предвид ситуацијата со корона кризата и нивните предвидувања во делот на потрошувачката и трошоците, кои, според него, во одреден дел се зголемуваат.

Поврзани вести

Над 300 матуранти се здобија со стипендии од Програмата за стипендии на МБУ, аплицирање до 25 септември

msp-admin

Форд инвестира милијарда долари во фабрика во Европа

Влатко Зорба

Daimler стана Mercedes-Benz и го подели својот бизнис на два дела

Влатко Зорба