СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Фејсбук“ казнет во Унгарија со четири милиони долари

Унгарската агенција за заштита на конкуренција нареди Фејсбук да плати казна од 1,2 милијарди форинти, или нешто помалку од четири милиони долари, поради доведување во заблуда на корисници. Тоа е најголема ваква казна во историјата на државата.

Суштината на тој случај е тврдењето на унгарската агенција дека Фејсбук ги рекламирал своите услуги како бесплатни, но дека компанијата заработувала пари од активности и податоци на корисниците, што може да се толкува како форма на плаќање, јавуваат унгарските медиуми.

Казната за „Фејсбук“ следува по неколку недели спекулации дека Унгарија ќе ја казни таа социјална мрежа. Унгарската агенција наведува и дека пораката на ФБ пред која се рекламирале бесплатни услуги, била поставена во почетокот на 2010 година, и дека е избришана во крајот на октомври оваа година.

Поврзани вести

Производството во Италија редуцирано за третина: Повеќе од 420,000 луѓе остануваат без работа

msp-admin

Биткоинот веќе не е балон, според директорот на „Amber Group“

Влатко Зорба

ФЕД одлучи да ги задржи каматните стапки близу до нула

Влатко Зорба